Thursday, January 26, 2012

Max Payne 2: The fall of Max Payne!!

Aјде да пробам да напишам еден пост ..... да добијам некоја идеа како би изгледало овоа блогче....
За овој пост одбрав да и дадам почести на една од најдобрите tps игри на сите времиња.
Направена од момците кои никогаш не разочаруваат.... РокЅвезда...a.k.a ROCKSTAR назад во далечната 2003... поточно беше создадена од финско студио, и по тоа што го видов можам слободно да кажам дека момците таму биле напред 10 години.... и во тоа време ништо ама баш НИШТО не можело да се контра со овој наслов. Зборувам за :
Max Payne 2: The fall of Max Payne !!!



Првпат се сретнав со чудово пред едно 4-5 години во интернет-кафе, и воопошто не ја разбрав ниту приказната а и бев тотално ужасен играч (ДЕТЕ)......играва воопшто не е лесна ако не се познати сите елементи на гејмплејот. Пред недела дена ја набавив дома...наснимав...почнав... и во еден здив ја завршив.

Играта е перфектна.... и мислам дека во тоа време била исто револуционерна.
Гејмплеј, графика, приказна и филингот кога играш се спектакуларни.
Кога оваа игра би се споредила со денешниве TPS игри би победила во се освен во графиката... 2003 OBVIOUSLY.

Приказна.
Макс продолжува од заклучокот на првата игра ( коjа планирам да ја изиграм следниве денови), Си има стрипче на почетното мени кое ги надополнува тие играчи кое ја немаат допрено првата игра...
Иначе сите треба да ја искусат приказнава од прва рака .... нема ништо слично на ова.

Гејмплеј.
Дефинитивно она што го разделува овој наслов од другите е bullet-time, Драстично успорување на времето со што можат дури и да се гледаат физички куршумите....Ова го прави Макс еден од најголемите Bad-Ass карактери на сите времиња...си успоруваш време ... улетуваш со Срајкерот и газиш се пред себе... тоа за мене беше најзадоволително во целата игра, исто Макс може да се фрла во кога било насока со што исто се успорува времето и можат да се изведат некои стварно феноменални потези.... а за игра од 2003... подзинав кога видов на колку начини може да се отстранат лошите момци.. Иначе поради овој револуционерен гејмплеј и скоро непостоечките багови оваа игра има освоено голем број на GOTY награди. Плус има и повеќе модови на играње на играта ,,, на пр еден мод ако умре Макс еднаш.... GAME OVER.

Графика.
Немам некој коментар за графиката ... сигурно кога е излезена е била супер импресивна споредена со другите AAA наслови од тоа време.

За крај .... нема нешто слично на играва, СЕКОЈ ГЕЈМЕР треба да ја проба... а плус што во мај ќе излезе 3ката која ќе следни по стапките на своите предходници.... ќе ја растури конкуренцијата и се надевам дека ќе биде GOTY!!!!!






No comments:

Post a Comment